Илиевски: Заев е Ганди на Балканот, а Вучиќ нека оди на кафе кај Груевски во Будимпешта

Ирационална е надворешната политика која Република Србија ја води кон Северна Македонија и постојаните напади од српскиот претседател Александар Вучиќ кон премиерт Зоран Заев и Владата, истакна претседателот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илиевски во неговото гостување во Централниот дневник на 1ТВ.

Илиевски вели дека е за поздрав тоа што и покрај постојаните прозивки, Владата на Северна Македонија и подава рака на Република Србија, не провоцира и води коректна политика, а Заев е своевиден Ганди на овие простори.

Вели дека не ги знае конкретните причини зошто Вучиќ не пропушта прилика да ги коментира случувањата во земјава, но според него блискоста на српскиот претседател со минатата власт и екс премиерот Груевски е можеби главниот мотив.

„Ако Вучиќ толку го сака Груевски, блиску му е Будимпешта, нека појде таму и нека се напијат кафе заедно“, вели Илиевски.

Посочи дека неговата партија нема да контактира со српскиот претседател се додека тамошните власти водат непримерна политика кон неговата матична земја.

Според Илиевски, тврдењата на Вучиќ за реализација на „македонско сценарио“ во Србија се класична демагогија и дезинформации.

Целиот разговор погледнете го во видеото од Централниот дневник на 1ТВ:

Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.