Повелете!

Ве известуваме дека Летната Школа по мајчин јазик наменета за децата од дијаспората, со цел учење на мајчиниот јазик која Агенцијата за иселеништво ја организира секоја година, ќе се одржи од 20-26 јули 2019 година. Сместувањето ќе биде во хотел во Охрид.

Летната школа е наменета за ученици од иселеништвото. Возраста на децата треба да е од 12-16 години.
Наставата по мајчин јазик за време на школата ќе се одвива еднаш дневно во претпладневните часови во времетраење од час и половина. Учениците ќе бидат поделени во две групи, почетна и напредна група.

Покрај класичната настава за јазикот, ќе се одржуваат едукативни работилници, спортски активности, екскурзии и посети на интересни за децата места во градот.

Превозот до Охрид ќе биде во организација на родителите.

На „Летната Школа“ учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција.

Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво:
e-mail: info@minisel.gov.mk

За детали околу програмата и сместувањето ќе ве информираме дополнително.